На холандските лични карти повеќе нема да го пишува полот

За неколку години, полот на холандските граѓани повеќе нема да се наведува на нивните лични карти, откако министерката за образование, култура и наука оцени дека тоа е непотребно.

Во писмото до парламентот, во кое увид имала агенцијата АФП, министерката Ингрид ван Енгелсховен, во чиј оддел е и еманципација, ја искажа намерата на личните карти од 2024/2025 да се укине наведувањето на полот.

Ингрид ван Енгелсховен сака да „ограничи колку што е можно повеќе непотребно да се наведува полот“, што сепак ќе биде внесен во пасошите, што е обврска пропишана од Европската унија.

„Холандија нема да биде прва земја што ќе издава лични карти на нои не се наведува полот. Германската лична карта не го наведува полот“, напиша министерката.

Ван Енгелсховен проценува дека жителите мора да бидат во можност „да го обликуваат својот личен идентитет и да живеат во слобода и безбедност“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе