По невремето

На Халкидики прогласена вонредна состојба, ќе помага и војската (ВИДЕО)

Во северниот грчки регион Халкидики денеска е прогласена вонредна состојба, откако шест лица загинаа во смртоносната бура и силните ветрови што ја погодија областа доцна синоќа.

Шест странски државјани од Романија, Чешка и Русија, меѓу кои и две деца, загинаа во инциденти поврзани со невремето.

Романка и едно 8-годишно момче загинале откако се урнал еден покрив во ресторан во Неа Плагија, а маж и момче од Русија го загубиле животот откако едно дрво се урнало во близина на нивниот хотел во приморскиот град Потидеа. На друго место, двајца постари чешки туристи загинале кога силните ветришта и водата ја однеле нивната приколка.

60-годишен рибар бил пријавен за исчезнат во морето кај Каликратија. Девет лица се хоспитализирани во болницата Папаниколау во Солун со повреди поврзани со екстремните временски услови, од кои едниот е на интензивна нега. Уште три деца и еден тинејџер, кои биле повредени од предмети носени од ветровите, се лекуваат во болницата Гениматас.

Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, ја изрази својата тага за жртвите и упати сочувство до нивните семејства, велејќи дека екипите работат деноноќно за да ги средат штетите и електричната енергија во погодените области.

„Ќе сториме сè што можеме како земја солидарно да застанеме со оние луѓе што загубија членови на семејството“, рече тој по итниот состанок одржан рано утрото на Халкидики и ги поздрави „неуморните“ екипи што работат на обновување на електричната енергија и отстранување на паднатите дрва и предмети од патната мрежа.

Министерот за одбрана, Никос Панајотопулос, за една радиостаница рече дека армијата ќе им помогне на локалните власти во расчистувањето на остатоците.

„Вооружените сили се подготвени за пренос на машинерија за да се средат штетите. Ќе понудиме генератори додека струјата не биде вратена на првиот полуостров“, рече тој.

Околу 80 отсто од полуостровот Халкидики, регион популарен кај туристите во текот на летото, останаа без струја. Властите очекуваат во повеќето области таа да се врати до вечерва.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе