На Германија итно ѝ требаат над 1 милион работници, најголем дел со средно образование

Во првиот квартал на 2019 во Германија биле непополнети 1,38 милиони работни места, што е речиси 200.000 повеќе отколку во истиот период минатата година.

Ова денеска го соопшти Федералната агенција за вработување наведувајќи дека најголемата побарувачка сè уште е за квалификувани работници со средно образование.

„Пазарот на труд сè уште е осетлив. Економскиот раст може да ослабне. Бројот на непополнети работни места во почетокот на годината е намален, но тоа е поврзано со сезонските движења. Во споредба со минатата година има зголемување на побарувачката за работници“, рече Александар Кубис од Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ), кој е поврзан со Агенцијата за вработување.

Според најновите податоци, на 170 невработени лица доаѓаат 100 непополнети работни места.

Најголемата побарувачка е во секторот на услужни дејности, проследени со градежништвото и здравството.

Најголема е побарувачката за работници со средна стручна спрема, но и понатаму има голема побарувачка за инженери во областа на хемијата, машинството и градежништвото.

Има пораст и во побарувачката за работници без квалификации.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе