САД

„На Флорида ѝ се заканува уништување. Не можете да се сокриете. Бегајте!“ (ВИДЕО)

Ураганот Мајкл кој се движи кон бреговите на американската југоисточна држава Флорида се засили во категорија четири, јави денес Националниот центар за урагани.

Центарот го опиша ураганот Мајкл како „исклучително опасен“.

Ураганот е проследен со налети на ветар од 210 километри на час и денес треба да пристигне до американското крајбрежје кај Флорида, пренесе АП.

Бурата брзо прерасна од тропска депресија во ураган со опасен интензитет. Се очекува дека кога ќе стигне до Флорида ќе биде еден од најтешките урагани забележани во областа, со опасни бранови што може да достигнат висина до четири метри.

Според АП, официјални лица од Флорида изјавиле дека околу 375.000 луѓе долж Мексиканскиот Залив или добиле наредба да се евакуираат или им било препорачано да се евакуираат. Сепак, се стравува дека некои не ги послушале повиците да се скријат од оваа бура која брзо се движи преку топлите води на Мексиканскиот Залив.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот рече дека Мајкл, „монструозната бура“, би можел да донесе „целосно уништување“. „Не можете да се сокриете од поплавите. Бегајте, наредена е евакуација“, истакна гувернерот. Загрижените метеоролози велат дека ураганот има потенцијал да стане една од најтешките бури во историјата на тој дел на Флорида.

Шерифот на округот Френклин, кој се наоѓа во близина на загрозеното крајбрежје, А.Ј Смит рече дека неговите помошници оделе од врата до врата на некои места за да ги повикаат луѓето да се евакуираат.

Ураганот Мајкл би можел да донесе околу 30 сантиметри дожд во некои места долж крајбрежјето на Флорида пред да се врати назад во морето во текот на следните неколку дена.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе