Од крајот на јануари

На Европа и Америка можеби им се заканува нов поларен вртлог

Зголемувањето на температурите високо во атмосферата над Арктикот може да резултира со бран на ледено време, слично на она од 2014 година, а од крајот на јануари може особено да се почувствува во Северна Америка, Европа и азиските земји, пишува Блумберг.

Фото: ЕПА

Слична временска шема, позната како поларен вртлог или вортекс, се случи во текот на зимата 2014 година, кога во Чикаго температурите паднаа и до минус 27 Целзиусови степени.

Во тој случај, не е невообичаено студениот воздух од Арктикот да навлезе уште појужно, пишува Блумберг.

Но ледениот воздух во текот на 2019 и 2020 година главно се задржуваше на подрачјето околу Арктикот, а сега, според Тод Крафорд, водечки метеоролог во компанијата Ведер ко. на ИБМ, по речиси двегодишно затишје, на северната хемисфера може повторно да ѝ се заканува продор на леден воздух.

„Очигледно пред нас може да е возбудлив период исполнет со студени денови и обилен снег“, рече тој.

Но синоптичарите сепак не очекуваат толку големо студенило како она за време на зимата 2014 година, но предвидуваат постудени зимски денови од досега. Студениот воздух веќе навлезе во областите на западна Европа и Кина.

Во Париз температурата е пониска за 3,5 Целзиусови степени од просекот за овој дел од годината, во Мадрид е дури 6,9 степени постудено од вообичаеното, а во Пекинг температурата падна на рекордно ниско ниво, па таму во четвртокот беа измерени минус девет степени, вели метеорологот од апликацијата Акју ведер Тајлер Ројс.

Технички, станува збор за поларни вртлози што кружат околу Арктикот и го одржуваат студот „заробен“ далеку на север, но со зголемувањето на температурите, познато како ненадејно стратосферско затоплување, студениот воздух може да го пробие тој поларен „прстен“ и да овозможи ледениот воздух да тргне кон југ.

Нема гаранција дека тоа навистина ќе се случи

„Тоа носи студено време насекаде на северната хемисфера, но според сите процени, оваа година мразот може да се задржи само на подрачјето на САД“, вели Рајан Тручелут, претседател на компанијата Ведер тајгер.

Голем број метеоролози велат дека нема гаранции дека прогнозите за ваквите студени временски услови би можеле да се остварат.

„Многу пати во минатото се случило прогнозата за леден бран да е само лажна тревога“, потсетува Џим Руилер, главен метеоролог во компанијата „Енерџи ведер груп“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе