Поради брегзитот

На Британците им е забранет влез во ЕУ од јануари

На огромно мнозинство Британци ќе им биде забрането да ги посетуваат земјите на ЕУ од 1 јануари, кога пандемиските правила за безбедност, кои дозволуваат слободно патување во блокот, за Велика Британија ќе престанат да важат поради брегзитот.

Фото: ЕПА

Завршувањето на периодот на транзиција значи дека Велика Британија ќе подлежи на систем што дозволува ненеопходно патување од само неколку земји што не се членки на ЕУ со ниски стапки на зараза со коронавирусот - како Нов Зеланд и Сингапур.

Земјите-членки на ЕУ одбија да ја сменат препораката за спречување на патниците од земји како САД, кои не се на списокот на „безбедни“ трети нации, да влезат во блокот. Само осум земји со ниски стапки се на списокот, објави ФТ.

Во моментов има 18 нации во ЕУ со повисоки стапки на инфекции од Велика Британија, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Британците ќе можат да патуваат во земји како Франција и Италија само доколку Брисел ги смени своите рестриктивни мерки за патувањата - или ако одделни земји-членки решат да ги игнорираат правилата.

Наводно, нема план за додавање на Велика Британија на списокот на безбедни нации и, доколку се даде таков предлог, таа сепак ќе треба да исполни голем број епидемиолошки стандарди, заедно со „економски и социјални услови“.

Како проблем за Британците што се надеваат дека ќе патуваат во Европа во новата година, некои земји-членки не пуштаат ниту патници од земјите на безбедната листа бидејќи континентот продолжува да го напаѓа смртоносниот втор бран на коронавирусот.

Само 12 нации комплетно го применуваат списокот, додека три - Унгарија, Хрватска и Норвешка - воопшто не го усвоија.

 

„Не“ и од Норвешка

Но како уште еден знак дека реалноста на брегзитот почнува да се одразува во самата Британија, Норвешка - која не е во ЕУ, но е дел од нејзините договори за патувањата - рече дека од 1 јануари ќе го спречи влегувањето на британските граѓани што не живеат во земјата.

Некои патници од Велика Британија сè уште можат да ги посетуваат земјите на ЕУ по 31 декември, како исклучоци, меѓу кои се дипломатите, луѓето со „неодложни семејни причини“ и некои „висококвалификувани работници од трети земји“.

На државјаните на ЕУ што живеат во Велика Британија сепак ќе им биде дозволено, како и на Британците што живеат во ЕУ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе