На бивш учка од Косово ќе му суди воениот суд во Хаг

Бившиот припадник на „Ослободителната војска на Косово“ Пјетер Шала следната недела ќе се појави пред судот во Хаг откако беше потврдено обвинението за извршени воени злосторства врз затвореници во притворскиот центар во Албанија.

Фото: ЕПА

Шала синоќа бил пренесен во центарот за притвор во Хаг откако Специјалниот суд на Косово го потврди обвинението од четири точки, обвинувајќи го за воени злосторства.

Шала (57), кој беше уапсен во Белгија минатиот месец, в понеделник треба прво да се појави пред судија на претходна постапка.

Тој е обвинет за произволно притворање, сурово постапување, тортура и убиство во северниот дел на Албанија во градот Кукуш, во фабрика за метали за која во обвинението се тврди дека ОВК ја користела како центар за притвор.

Медиумите на Косово објавија дека Шала за време на војната бил познат под прекарот „Командант Ујку“ и се борел на западно Косово за време на конфликтот со српските сили од 1998 до 1999 година.

Меѓу веќе уапсените и префрлени во Хаг за да се соочат со обвиненија се поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, поранешните собраниски спикери Кадри Весељи и Јакуп Красниќи, како и поранешниот пратеник Реџеп Сељими, кои беа високи личности на ОВК за време на војната. Сите тие се изјаснија дека не се виновни за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Специјалниот суд на Косово и Специјалното обвинителство се дел од косовскиот правосуден систем, но се наоѓаат во Холандија и персоналот им е меѓународен.

Тие беа воспоставени под притисок на Западот, кој стравуваше дека косовскиот правосуден систем нема капацитет да ги суди случаите на ОВК и да ги заштити сведоците од мешање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе