На Балканот се вратиле 300 терористи на ИСИС (ВИДЕО)

Официјалните проценки на безбедносните служби на ЕУ и земјите од Западниот Балкан покажуваат дека, од појавата на ИСИС, на Блискиот Исток заминале да војуваат околу илјада луѓе од овие простори.

Дел загинале во борбите во Сирија и Ирак, но дел се вратиле во своите матични земји.

Се проценува дека од вкупната бројка се вратиле околу 300, а 200 загинале. Остатокот се жените и децата кои ги повеле со себе во војна на страната на Исламска држава.

Истражувањето под наслов „Игра на трпение: проценката и одговорот на заканата која враќањето на странските борци ја претставува за Западниот Балкан“ покажало дека од 2012 до 2017 година околу 5.000 луѓе од земјите на ЕУ заминале во Сирија и Ирак, а меѓу нив околу 1.000 луѓе од Балканот.

Виена и понатаму е главниот центар каде што се радикализираат и организираат исламистите од регионот. Безбедносните експерти тврдат дека посебно внимание треба да се посвети и на јакнењето на радикалниот ислам и салафистичко-вахабистичкото движење во Словенија, чие седиште е во Јасенице.

Словенечката разузнавачка служба веќе неколку години ги надгледува исламските организации во земјата. Тие предупредија дека радикалните исламисти во иднина можат да претставуваат непосредна закана по националната безбедност.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе