На Бахамите повеќе од 2.500 исчезнати, сè уште не се знае кој се спасил од ураганот

Околу 2500 луѓе се наоѓаат на списокот исчезнати по катастрофалниот ураган Доријан од 5 категорија кој ги погоди Бахамите, соопштија денес официјални лица, истакнувајќи дека на списокот е можно да се наоѓаат и лица кои нашле спас од ураганот во засолништа долж архипелагот.

„Сè уште не сме го споредиле тој список со државните записи за тоа кој отишол во засолниште, а кои луѓе биле евакуирани. Обработката на базата на податоци е во тек“, рече Карл Смит, шеф на националната агенција за вонредни состојби.

Илјадници луѓе сè уште се наоѓаат во засолништа на различни острови, а официјалните бројки во моментов наведуваат дека во невремето кое на 1 септември ги погоди Бахамите загинале 50 луѓе.

Доријан го погоди овој атлантски архипелаг пред повеќе од една недела како еден од најсилните урагани во историјата, пратен со ветрови со брзина од 298 километри на час.

Околу 5000 луѓе биле евакуирани од островот Њу Провиденс.

Комерцијалните летови во Абако, една од најпогодените области, би требало да продолжат од среда.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе