На авион со 347 патници над океан му се запали мотор, летал од САД кон Филипините (ВИДЕО)

Летот на Филипин ерлајнс, кој од Лос Анџелес полетал за Манила, кратко време по полетувањето, морал принудно да слета заради дефект на моторот, пренесува Ројтерс.

Инцидентот се случи откако пилотот на Боинг 777 прогласил вонредна состојба и евентуален дефект на моторот.

Еден сведок кој го гледал полетувањето на 777 над океанот го снимил авионот чиј мотор исфрлал пламени.

Авионот, во меѓувреме, слетал безбедно, не е јасно зошто се случил дефектот.

Портпаролката на авиокомпанијата изјави дека сите 347 патници и 18 членови на екипажот се безбедни и биле префрлени на нов лет.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе