На Асанж му е загрозен животот

Третманот на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кого Вашингтон го обвинува за шпионирање, додека му се заканува екстрадиција во САД, го загрозува неговиот живот.

Ова го оцени известувачот на ОН за тиртура Нилс Мезер, изразувајќи загриженост околу влошувањето на здравствената состојба на Асанж по неговото апсење и притворот од почетокот на годината. Тој тврди дека животот на Асанж е во сериозна опасност.

„Ако Британија не го смени однесувањето и нехуманата ситуација во која е, понатамошната изложеност на Асанж на арбитрарност и кршењето на неговите права би можеле да го чинат животот“, кажа Мезер.

Известувачот на ОН кажа дека е особено загрижен поради новите медицински информации од неколку доверливи извори според кои Асанж влегол во „маѓепсан круг на анксиозност, стрес, немоќ, што е типично за лицата изложени на продолжена изолација и постојана арбитрарност“.

„Иако е тешко со сигурност да се предвиди развојот на тие симптоми, тие брзо би можеле да се претворат во состојба опасна по животот, како застој на работата на срцето или нервен слом“, додаде Мезер.

Асанж на 11 април беше исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон во која се засолни во 2012 година и британската полиција веднаш го уапси. САД побараа екстрадиција на австралискиот новинар поради 18 точки од обвинението, а доколку во САД биде осуден за шпионирање за објавувањето на тајните државни документи, му се заканува повеќедецениска казна затвор.

И рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави неодамна дека верува во можноста дека Асанж е мачен во затворот во Лондон.

„Тие би требало да ги укинат и обвинувањата против поранешниот соработник на разузнавачките служби Едвард Сноуден, да го ослободат Џулијан Асанж и да престанат да користат мачење, на кое, според неговиот изглед, тој е подложен во притворот во Британија“, кажа Лавров.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе