понеделник, 8 декември 2025

На Асанж му е одбиена дозволата да поднесе жалба до британскиот Врховен суд

Објавено на

часот

Сподели

Судот наведе дека го одбил барањето бидејќи случајот не покренува никаква правна точка за која може да се расправа.

Се чини дека оваа одлука ги исцрпува правните можности на Асанж во Велика Британија да избегне судење во САД за низа обвинувања поврзани со објавување тајни документи пред повеќе од една деценија.

Тој сепак може да го поднесе својот случај до Европскиот суд за човекови права.

Сега неговиот случај ќе ѝ биде вратен на британската министерка за внатрешни работи Прити Пател, објави Викиликс преку Твитер.

Асанж (50) се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш од 2019 година, кога беше уапсен поради кршење на условното пуштање во посебен правен случај. Пред тоа, тој помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Тој може да се соочи со 175 години затвор за објавување на повеќе од 700.000 доверливи документи од 2010 година за американските воени и дипломатски активности, особено во Ирак и Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ