На аеродромот во Кабул од неделата загинаа најмалку 12 лица: „И понатаму владее апсолутен хаос“

Во немирите од неделата на аеродромот загинаа 12 лица, пренесува Би-би-си. Портпаролот на талибанците, кој разговараше со новинари на Ројтерс, рече дека тие биле жртви на пукање или стампедо.

EPA-EFE/STRINGER

Во текот на вчерашниот ден европските земји и САД цел ден изведуваа летови за евакуација од Кабул. Стотици луѓе кампуваат околу аеродромот очајнички сакајќи да избегаат од земјата со која управуваат талибанците.

Талибанците ги повикуваат луѓето да не се собираат пред вратите на аеродромот, додавајќи дека не сакаат никого да повредат.

Дописник на Би-би-си од Кабул вели дека сè уште владее апсолутен хаос на аеродромот. Но, додава дека во другите делови на градот, ситуацијата е многу помирна отколку во последните денови. Тој вели дека е невозможно доволно да се нагласи колку е видливо присуството на талибанците на улиците во главниот град. Тешко вооружени талибанци патролираат на секој чекор, а патиштата се полни со нив.

Дописникот на Би-би-си вели дека банките и државните институции остануваат затворени. Има многу помалку жени на улиците.

Луѓето во Кабул се плашат да излезат, јавува Би-би-си. Нивниот репортер разговарал со девојка од главниот град на Авганистан.

„Талибанците им кажаа на сите дека можат да се вратат на работа, но луѓето се плашат и не сакаат да излегуваат. Сите се обидуваме да останеме дома. Талибанците претепаа многу луѓе кај аеродромот и за време на демонстрациите, и претресите по домовите продолжуваат, и покрај изјавите за амнестија“, вели девојката.

„Има многу неизвесност, нивната објава за амнестија не одговара на нивните постапки на терен“, вели таа.

Таа вели дека слушнала од роднини дека талибанците на аеродром пуштаат само странци, не дозволуваат локалното население да ја напушти земјата.

„Сега летовите заминуваат празни поради нивните рестрикции на вратите“, вели таа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/STRINGER

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе