„Осудено продолжувањето на нарушувањето на светоста на Ал акса“

Муслиманските земји го осудија Израел

Претставници на муслиманските земји денес на состанокот во Саудиска Арабија го осудија Израел поради насилството во Ерусалим кај џамијата Ал акса, една од најсветите во исламот.

EPA-EFE

Итниот состанок на 57 членки на Организацијата на исламска соработка е одржан во Џеда за муслиманскиот свет единствено да одговори на засилените тензии меѓу Израел и Палестинците и судирите во Ерусалим.

Во соопштението од средбата е осудено „продолжувањето на нарушувањето на светоста“ на џамијата Ал акса, и „варварските напади“ врз верниците и ограничувањето на движењето на Палестинците кај храмот.

Акциите на Израел се оценети како „провокација на чувствата на муслиманите низ светот и тешко кршење на меѓународното право“.

Меѓународната заедница е повикана да го прогласи Израел за одговорен за ескалацијата и да изврши притисок за да прекине нападите кои се закануваат на „безбедноста и стабилноста на регионот“.

Повторно е потврдена трајната арапска поддршка на независноста на палестинската држава со источен Ерусалим како главен град.

Во Турција кабинетот на претседателот Реџеп Таип Ердоган соопшти дека тој интензивно води телефонска дипломатија за да прекине израелското насилство врз Палестинците.

Синоќа илјадници Турција маршираа кон амбасадата на Израел во Анкара и конзулатот во Истанбул во знак на протест, без оглед на рестрикциите воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе