Според Европскиот суд за човекови права

Муслиманските девојчиња мора да пливаат заедно со момчињата во Швајцарија

Муслиманските девојчиња во швајцарско училиште мора да присуствуваат на часовите по пливање заедно со момчињата во базенот, пресуди Европскиот суд за човекови права, отфрлајќи ја тужбата на двајца родители кои барале изземање на нивните ќерки на верска основа.

Судот денес пресуди дека, иако училиштето во Базел „се мешало во религиозните слободи“ со инсистирањето девојчињата да присуствуваат на часовите по пливање заедно со момчињата соученици, не бил направен прекршок бидејќи тоа било направено за да се промовира „општествена интеграција“.

„Според тоа, имајќи го предвид интересот на децата за целосно образование со што ќе се обезбеди нивна успешна општествена интеграција според локалните норми, правилата на училиштето се над желбата на родителите нивните деца да бидат изземени од мешаните часови по пливање“, се вели во соопштението на судот во Стразбур.

Во соопштението се истакнува и дека на семејствата им биле понудени „многу флексибилни услови“, вклучувајќи дозвола девојчињата да носат буркини за време на часовите и да се пресоблекуваат без момчиња во просторијата.

Судот пресуди и дека казната од 1.400 франци (1.380 долари) која ја добиле родителите поради непослушност била фер и пропорционална „со цел да се обезбеди дека децата ќе ги испраќаат своите деца на задолжителните часови, што е над нивниот личен интерес, за да се обезбеди социјализација и успешна интеграција“.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе