Лидерот на Јужна Кореја во Русија

Мун ја посети Москва, се состана со Путин

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин за време на посетата на Москва, разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за зајакнување на билатералните и економски односи.

По разговорот двајцата претседатели во Кремљ потпишаа договори за разни проекти од областа на енергетиката, транспортот и иновативните технологии, наведе АП.

Владимир Путин истакна дека Јужна Кореја е еден од најсилните партнери на Русија во регионот и изрази надеж дека нивната трговија и понатаму ќе се шири.

Тој, исто така, ги пофали контактите што Северна и Јужна Кореја ги оствари после самитот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Се надеваме дека тоа значително ќе ги намали конфликтите околу Корејскиот полуостров и ќе создаде услови за воспоставување стабилна безбедност за сите земји во регионот“, рече Путин.

Рускиот претседател, исто така, вети дека ќе се обиде да помогне во решавањето на проблемот со Северна Кореја.

Мун Џае Ин изјави дека официјален Сеул е подготвен да промовира „стратешко партнерство“ со Русија и додаде дека се „заљубил во Русија“ откако ги прочитал делата на Толстој и Достоевски.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе