Протече информација

Мaлер во извештајот не препорачува други обвиненија за случајот Русија

Специјалниот советник Роберт Мaлер не препорачува други обвиненија во истрагата за Русија.

Ова, вели Асошиејтед прес, е според официјален претставник на Одделот за правда, кој зборувал под услов на анонимност, бидејќи лицето не било овластено јавно да зборува за доверливата препорака.

Мaлер денеска го известил јавниот обвинител Вилијам Бар дека ја завршил својата истрага за мешањето на Русија во изборите и за евентуална можна координација со кампањата на Доналд Трамп, и му го доставил извештајот.

Пратениците од двете страни веднаш повикаа на брзо доставување на извештајот на Мaлер до клучните конгресни комисии и до јавноста.

Истрагата за Русија фрли сенка врз претседателствувањето на Трамп и опфати клучни личности, меѓу кои и неговиот поранешен претседател на кампањата, Пол Манафорт, советникот за национална безбедност Мајкл Флин и личниот адвокат Мајкл Коен, кои веќе се осудени или се изјаснија за виновни за обвиненијата поднесени од Мaлер.

Големото прашање сега е дали извештајот содржи наводи за прекршувања кај самиот Трамп.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе