Мaлер го поднесе извештајот за Трамп-Русија до американскиот јавен обвинител

Специјалниот советник Роберт Мaлер го предаде мошне очекуваниот извештај за неговата истрага за улогата на Русија во претседателските избори во 2016 година и за евентуални погрешни постапки од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денеска Одделот за правда.

Мaлер го достави извештајот до јавниот обвинител Вилијам Бар, највисокиот американски претставник за спроведување на законот, соопшти одделот. Извештајот не беше веднаш објавен, Бар ќе мора да одлучи колку да открие, и засега не е познато дали Мaлер пронашол криминално однесување кај Трамп или во неговата кампања, освен обвиненијата што веќе беа изнесени против неколку помошници.

Истрагата за Русија фрли сенка врз претседателствувањето на Трамп и опфати клучни личности, меѓу кои и неговиот поранешен претседател на кампањата, Пол Манафорт, советникот за национална безбедност Мајкл Флин и личниот адвокат Мајкл Коен, кои веќе се осудени или се изјаснија за виновни за обвиненијата поднесени од Мaлер.

Големото прашање сега е дали извештајот содржи наводи за прекршувања кај самиот Трамп.

Бар, назначен од Трамп, кој ја презеде функцијата во февруари, им рече на пратениците во писмо дека уште викендов може да му даде информации на Конгресот за наодите од извештајот.

„Следните чекори зависат од државниот правобранител Бар и ние со нетрпение очекуваме процесот да протече. Белата куќа ниту го доби, ниту е информирана за извештајот на специјалниот советник“, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Според прописите за истрагите за специјални совети, јавниот обвинител мора да сподели дел од извештајот на Мaлер со демократските и републиканските лидери на судските комисии во Конгресот, но во голема мера од него зависи што да се објави, пренесе Ројтерс.

Пратениците од двете страни веднаш повикаа на брзо доставување на извештајот на Мaлер до клучните конгресни комисии и јавноста.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе