„Може слободно да ги убиете идиотите, тоа е мојата наредба за вас“, вели Родриго Дутерте (ВИДЕО)

Претседателот на Филипините Родриго Дутерте вели дека полицијата треба да ги убие „идиоти“ кои се противат на апсењето.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте им изјави на полицајците од својата земја дека треба да ги убијат „идиотите“ кои се обидуваат да се спротивстават на апсењето.

Контроверзниот лидер зборуваше во главниот град на Филипините, Манила, додека се соочува со притисок за неговиот остар пристап кон дрогата. Илјадници луѓе се убиени во акцијата против корисниците на дрога на национално ниво, откако тој ја презеде функцијата во јуни 2016 година.

Надвор од темата на подготвениот говор што се одржа на гробиштата на хероите, Дутерте му се обрати на Ховие Еспенидо, шефот на полицијата во град чиј градоначалник беше убиен во рацијата против дрогата.

„Вашата должност од вас бара да го совладате отпорот на лицето што го апсите... ако се спротивставуваат и се насилни... слободно може да ги убиете идиотите, тоа е мојата наредба за вас“, им кажа тој на полицајците.

Тој сепак додаде дека не се дозволени „убиства и убиства со предумисла и незаконски убиства“.

Ова се случи неколку дена откако повеќе од 1.000 луѓе се придружија на протестот против политиката на Дутерте за дрогата.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе