Меркел во Бундестагот

Можен ли е воен конфликт среде Европа?

Германската канцеларка Ангела Меркел денес укажа на долготрајните тензии меѓу двата соседи во Егејското Море – Турција и Грција.

EPA-EFE

Нејзината реакција следи по повеќе од два месеци откако интервенираше за да спречи воена конфронтација на Грција и Турција.

„Тешко е да се замисли колку мала може да биде одалеченоста меѓу воен конфликт и мирно решавање во некои случаи“, кажа Меркел на седницата на долниот дом на германскиот Бундестаг пред утрешната средба на Европскиот совет, пренесува Дојче веле.

Според неа, тензиите во односите на Анкара со Атина и Кипар е многу голема, а Турција е партнер во НАТО.

Меркел наведе и дека турција покажува исклучителни напори во прифаќањето на бегалците, критикувајќи ја Грција за неодамнешните настани во кампот Морија на островот Лезбос.

„Би требало внимателно да ги врамнотежиме нашите односи и да се фокусираме на соработката“, кажа германската канцеларка, опишувајќи ги односите со Турција како повеќедимензионални.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе