Има два начини

Може ли Трамп да биде отстранет пред да му заврши мандатот? Може (ВИДЕО)

Членките на Претставничкиот дом Илхан Омар и Александрија Оказио-Кортез повикаа на импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Гардијан.

Фото: ЕПА

Вчерашниот упад во американски Капитол од поддржувачите на Трамп предизвика повици од некои пратеници тој да биде отстранет од функцијата пред Џо Бајден да положи заклетва на 20 јануари.

Хаотичните сцени се случија откако Трамп - кој беше осудуван за поттикнување насилство со ширење невистини за изборите и одбивање да признае пораз - им се обрати на илјадници демонстранти во Вашингтон, користејќи го говорот за да ги повтори лагите дека изборите му биле украдени.

Ова ги врати на маса прашањата дали Трамп може да биде прогласен за несоодветен за функцијата или да биде обвинет за кривично дело.

Постојат два начина да се отстрани претседателот од функцијата: 25-тиот амандман на Уставот на САД и импичмент, проследен со одлука на Сенатот.

Во двете сценарија, до инаугурацијата на Бајден потпретседателот Мајк Пенс би стапил на должност.

Ројтерс се повикува на извор запознаен со иницијативата, кој рекол дека имало прелиминарни разговори меѓу некои членови на владата и сојузниците на Трамп за повикување на 25-тиот амандман.

Американскиот министер за одбрана Кристофер Милер во средата вечерта објави дека усогласил план за смирување на драматичната ситуација. Во разговорите со претставниците на воените и цивилните власти, тој договорил да ја испрати Националната гарда во зградата на Конгресот.

„Началникот на Здружениот генералштаб генерал Мајк Мили и јас разговаравме одделно со потпретседателот Пенс, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, сенаторот Чак Шумер и со Стени Хоер за ситуацијата во американскиот Капитол“, рече Милер во изјавата, во која не се споменува контакт со Трамп.

Дваесет и петтиот амандман беше ратификуван во 1967 година, а го регулира прашањето за наследувањето на претседателот во случај на негова евентуална онеспособеност.

Делот 4 се занимава со ситуации кога претседателот не е во можност да ги извршува своите должности, но не сака доброволно да даде оставка.

Предлагачите на 25-тиот амандман имале јасна намера тој да се спроведе кога претседателот е онеспособен поради физичка или ментална болест, велат експертите. Некои теоретичари исто така тврдат дека ова може да се примени пошироко и на претседател чија неспособност да ја врши функцијата може да има опасни последици.

За да се прибегне кон 25-тиот амандман, Пенс и поголем дел од кабинетот на Трамп ќе мора да изјават дека Трамп не е во состојба да ги извршува должностите на претседателот и да го сменат. Во тој случај, Пенс би ја презел функцијата.

Трамп подоцна може да изјави дека е способен да продолжи да ја извршува претседателската функција. Доколку Пенс и поголем дел од кабинетот не ја оспорат таа одлука, Трамп во тој случај би се вратил на функцијата. Меѓутоа, ако тие ја доведат во прашање таа намера на Трамп, за ова прашање потоа би одлучувал Конгресот, но Пенс дотогаш би продолжил да дејствува како претседател. За да се отстрани Трамп од функцијата, ќе биде потребно двотретинско мнозинство од двата дома. Сепак, Претставничкиот дом, кој е под контрола на демократите, може едноставно да го одложи гласањето за суштинскиот спор сѐ додека не заврши мандатот на Трамп, изјави за Ројтерс Пол Кампос, професор по уставно право на Универзитетот во Колорадо.

Тој посочи дека 25-тиот амандман ќе биде соодветен начин да се отстрани Трамп од функцијата и дека неговата предност е што е побрз од импичментот.

„Пенс може да стане претседател веднаш, додека импичментот и изрекувањето на пресудата (во Сенатот) може да траат барем неколку дена“, рече Кампос.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе