Вашингтон

Мотивациски говор на Помпео: Само агресивно

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја величаше „суштинската праведност“ на САД во глобалните прашања.

Тој ги повика деморализираните дипломати во Стејт департментот да дејствуваат цврсто и агресивно во промоцијата и спроведувањето на надворешната политика на администрацијата на чело со претседателот Доналд Трамп.

Во мотивацискиот говор што го одржа во Стејт департментот, Помпео објасни дека неговите повици до Министерството за надворешни работи да ја вратат својата „агресивност“ значи дека дипломатите треба да делуваат самоуверено знаејќи дека интересите на САД се праведни, пренесе Дејли меил.

„Таквата агресивност не е ароганција, нити фалба, нити егоизам. Тоа е самодоверба, верба во себе и во своите идеи. Во нашиот случај, тоа е суштинска праведност на Америка. И тоа е агресивност родена од праведното знаење дека нашите интереси се праведни, посебни и изградени на основните принципи на Америка“, изјави Помпео, во извадоците од неговиот говор.

Задачата на САД, како што истакна Помпео, е зачувување на нашата цивилизација на човечкото достоинство, индивидуалната слобода, демократијата, националниот суверенитет и владеењето на правото и да го оспориме секого што сака да го сруши.

„Треба да сме горди на Америка и нејзините вредности и да веруваме во нив“, рече тој.

Државниот секретар на САД истакна дека Трамп ја цени дипломатијата и дека ќе ја искористи за заштита на американските интереси.

„Имаме среќа дека нашиот претседател ја цени и разбира моќта на дипломатијата, и знае дека мораме да ја користиме секоја алатка од дипломатскиот комплет“, заклучи Помпео.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе