Москва: Зеленски повикува на нуклеарна војна

Русија е „најантиевропската држава во светот“, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски на првиот собир на Европската политичка заедница и побара да му помогнат на Киев и да ѝ воведат уште санкции на Русија.

EPA-EFE

Зеленски во обраќањето преку видеолинк предупреди дека „Русија сега има само една политика, а тоа е војна против Украина, против Европа, против светот“.

Шефовите на државите и владите собрани во Прага ги повика да направат сè што можат за да ја сопрат војната во неговата земја. Повика на повеќе санкции против Русија и поголема воена поддршка на Украина за „руските тенкови да не стигнат до Варшава или Прага“ и безбедносни гаранции додека неговата земја не влезе во НАТО. „Треба да се казни агресорот. Ќе дојде денот кога руското зло ќе изгуби“, кажа тој.

Зеленски денес одржа говор и во Австралија. Преку видеоврска Зеленски го повика светот да „покаже сила“ по анексијата на четирите украински региони. „Шефот на Русија сега внимателно ја анализира реакцијата на светот на лажните референдуми кои ги организираше на украинско тло и на најавата на анексијата на нашата територија“, кажа Зеленски.

„Го интересира дали има уште потенцијал за ескалација. Ако сега светската реакција е слаба, Русија ќе смисли некоја нова ескалација“, додаде.

Кремљ го обвини Зеленски дека повикува на нуклеарна војна во денешното обраќање во Австралија. Тврдат дека неговите коментари се „повик на почнување нуклеарна војна“.

На ова одговори Михајло Подољак, советникот на Зеленски.

„Уште една руска лага. Зеленски ништо не кажа за нуклеарен напад на Русија. Тој потсети на нуклеарната уцена од страна на Русија и предложи превентивно да се исцртаат последиците за Русија и да се интензивираат ударите врз неа со санкции и воена помош за Украина“, напиша Подољак.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе