Москва за убиството на иранскиот генерал: „Авантуристички потег“ на САД кој ќе ги вжешти тензиите на Блискиот Исток

Русија денес предупреди на последиците од убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад.

„Убиството на Сулејмани е авантуристички потег со кој Американците ќе предизвикаат вжештување на тензиите во регионот на Блискиот Исток“, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Во соопштението се додава дека „Сулејмани верно им служеше на интересите на Иран“ и дека Русија му изразува искрено сочувство на иранскиот народ.

Командантот на елитна единица на Иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани беше убиен ноќеска во американски напад со беспилотно летало на меѓународниот аеродром во Багдад. Пентагон соопшти дека Сулејмани е убиен по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и иранскиот претседател Хасан Рохани ветија одмазда за смртта на генералот.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе