Москва: Во контакт сме со Вашингтон поради сајбер-нападот

Москва и Вашингтон се во контакт во врска со сајбер-нападот врз најголемиот производител на месо во светот, компанијата ЈБС, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

Фото: ЕПА

„Стејт департментот и нашата амбасада во Вашингтон разговараа. Американската администрација е во контакт со руската влада во врска со сајбер-нападот, како што изјави во вторникот заменик-портпаролката на Белата куќа, Керин Жан-Пјер“, изјави висок руски функционер, како што пренесе ТАСС.

Бразилската компанија ЈБС СА во неделата објави дека нејзините филијали во Австралија и Северна Америка биле под организиран сајбер-напад врз информационите системи.

Прес-службата на Белата куќа соопшти дека ЈБС ја информирала американската влада за сајбер-нападот и за барањето за откуп од криминалната организација што наводно се наоѓа во Русија.

Американската администрација соопшти дека е во контакт со руските власти во врска со сајбер-нападот.

Претседателот и извршен директор на ЈБС САД, Андре Ногера, рече дека експертите на ЈБС постигнале значителен напредок во борбата против сајбер-нападот и дека од денес повеќето фабрики ќе работат нормално.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе