Москва: Тврдењата на НАТО се илузија, сетете се на Либија и Југославија

Тврдењата за тоа дека присуството на НАТО придонесува на јакнењето на регионалната безбедност се илузија, се наведува во соопштение на министерството за надворешни работи на Русија.

EPA-EFE

Соопштението на руското министерство всушност е одговор на документот „Митовите за односите на Русија и Алијансата“ кој го објави НАТО.

„Треба да се присети на последиците на НАТО бомбардирањето на Југославија и на уништувањето на либиската државност. Дваесетгодишното присуство на контингентот на НАТО во Авганистан, потоа нивното „бегство“ не остварувајќи ниедна од планираните цели. Ситуацијата само се влоши“, констатира руската дипломатија.

Според руската страна, НАТО целено ја „тестира цврстината“ на Русија со испраќање воени бродови и авиони во зоните во непосредна близина на нејзината граница, приморувајќи ја Москва да реагира, според нејзиното мислење, адекватно, сразмерно и воздржано.

Коментирајќи ги тврдењата дека Москва наводно провоцира ескалација на ситуацијата на границата со Украина, министерството за надворешни работи истакнува дека акциите на Русија се исклучиво од одбранбена природа.

„Во последно време забележуваме значително зголемување на военото присуство на НАТО во црноморскиот регион. Зачестени се посетите на воените бродови со ракетно вооружување, летови на американската стратегиска авијација, се одржуваат големи воени вежби, вклучувајќи и ненајавени. Практично секоја недела нашите средства за објективна контрола идентификуваат над 50 извидувачки летови и беспилотни летала кои крстосуваат долж нашите граници“, истакнува руската страна.

Москва констатира дека целата колективна одбрана на НАТО е сконцентрирана на источното крило.

„Очигледно Алијансата нема други проблеми. Тероризмот, безбедносните закани од други региони немаат исто значење како опасноста која наводно доаѓа од Русија“, се наведува.

Министерството за надворешни работи на Русија исто така истакнува дека „неконтролираното ширење на Алијансата“ проследено со разместување на воена инфраструктура на тие територии, а таа се користи за поддржување на агресивната реторика на НАТО и „потенцијално може да биде употребена за побрзо префрлање тешка воена техника и трупи на оружените сили на земјите на Алијансата на границите на Русија“.

„Ширењето на Алијансата ги зголемува тензиите. НАТО ја обвинува Русија за воена активност во контакт-зоните. Но тие зони се појавија токму поради ширењето на НАТО“, потсетува министерството.

Русија на крајот порачува дека не направила ништо за да ги влоши односите со НАТО, и дека вината за нивната деградација е целосно на Алијансата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе