Москва со предупредување до Хрватска: „Избравте непријателски став“

На денешен ден пред 30 години Руската Федерација и Република Хрватска воспоставија дипломатски односи. По тој повод на Фејсбук се огласи руското министерство за надворешни работи.

EPA-EFE

„На 25 мај се навршуваат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Хрватска. Руско-хрватските односи во текот на трите децении се истакнаа со позитивна динамика. Воспоставен е конструктивен политички дијалог кој овозможи размена на мислења за актуелните аспекти на ситуацијата во Европа со голем степен на доверба.

Активно се развиваа трговските, економските и инвестициските односи. Успешно се реализирани бројни заеднички проекти од областа на културата и хуманоста.

Штета што хрватските власти во последните месеци решија да заземат непријателски став кон Русија, што е во остра спротивност со постигнатиот квалитет на нашите билатерални односи, го уништува нивното ткиво и им нанесува сериозна штета. На удар се сите позитивни постигнувања од минатото.

Уверени сме дека таквиот деструктивен пристап е погубен и дека нема никаква перспектива. Уверени сме дека ќе превладее разумот и дека Хрватска ќе се врати на патот на конструктивниот дијалог и обострано корисната соработка, заснована, меѓу другото, на разбирање на геополитичката реалност и вистинските национални интереси“, се наведува во руското соопштение.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе