Москва со остра порака до Западот: „Ако продолжите, Европа ќе исчезне во нуклеарна апокалипса“

Шефот на руската Дума, Вјачеслав Володин, испрати остра закана до Европа.

EPA-EFE

Тој во име на Русија порача дека Европа ќе исчезне во нуклеарна апокалипса ако Западот продолжи да ѝ испраќа проектили на Украина.

Володин, шефот на државната Дѕма, заканата ја испрати откако полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски кажа дека западните сојузници би можеле да му испратат дополнително оружје на Киев.

„Со вакви претставници Европејците ќе имаат многу посериозни проблеми од оние со кои се денес соочени. Сикорски провоцира нуклеарен конфликт во центарот на Европа. Во случај да го исполни тоа што го кажа, Европа нема да постои“, кажа Володин.

Сикорски кажа дека рускиот претседател Владимир Путин го прекршил Меморандумот од Будимпешта за гарантирање на безбедноста од 1994, „што ги оправдува западните испораки на оружје“.

Украина во 1994 се откажа од своето нуклеарно оружје преостанато по распадот на Советскиот Сојуз и се придружи на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе