За шпионската афера во Србија

Москва: Снимката е провокација пред важната посета

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова оцени дека снимката со наводниот руски разузнавач е само најновата во низата провокации.

„Сега претстои средба на врвот, а веќе навикнавме недела или неколку дена пред таквите средби да се појавуваат интересни приказни, некакви сензации. А потоа проаѓа време и сето тоа се дезавуира и се утврдува дека станува збор за евтина провокација“, кажа Захарова на редовната конференција за медиумите.

Како што истакна, сите прашања кои предизвикѕваат загриженост на земјата се решаваат по соодветните канали, „а према оваа треба да се однесуваме како кон провокативна приказна“.

„Со таа снимка треба да се бават веројатно оние на кои тоа им е наменето, а што се однесува до пошироката јавност очигледна е задачата која ја поставиле авторите на тој „филм“: тоа се провокативни акции, обид да се предизвика соодветно расположение кај луѓето пред целата низа разговори, средби, посети. Такво нешто гледаме со завидна редовност. Во последните години можам да наведам десетина слични примери кога или пред посетите, разговорите, самитите, или веднаш по нив се одвивале слични провокативни приказни, хибридни гестови, фејкови“, наведе Захарова.

„Ако постојат некои прашања, секоја држава има соодветни инструменти да ги реши на цивилизиран начин. Ние сме возрасни луѓе и сите тоа одлично го сфаќаме“, заклуќи портпаролката на руската дипломатија.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе