Веруваат дека можат да „дофрлат“ до САД

Москва: Северна Кореја планира нов ракетен тест

Северна Кореја планира тестирање на ракета со долг дострел, за која се верува дека може да стигне до западниот брег на Соединетите Американски Држави, кажа денес членот на Одборот за меѓународни односи на руската Дума, Антон Морозов.

Морозов заедно со уште два члена на рускиот парламент беше во посета на Пјонгјанг од 2 октомври до денес, пренесува Ројтерс повикувајќи се на РИА Новости.

„Тие се спремаат за нов тест на ракета со долг дострел. Дури ни дадоа и математички пресметки дека веруваат дека нивната ракета може да стигне до западниот брег на САД“, кажа Морозов.

Тој истакна дека расположението на Пјонгјанг е „многу воинствено“.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе