„Москва сака да ја дестабилизира Европа“: Стејт департментот е загрижен поради „мешањето на Русија во Србија“

Портпаролот на Стејт департментот соопшти за Радио слободна Европа дека Америка е „загрижена поради извештајот за непримерното руско мешање во Србија“ и оцени дека руската влада се труди да ја дестабилизира Европа.

„Соединетите Држави ги поддржуваат напорите на Србија да го истражи овој инцидент и ја поттикнуваат влада одговорните за овие незаконски активности да смета за одговорни, во согласност со законите“, соопшти Стејт департментот по повод шпионската афера во која, како што кажа претседателот на Србија Александар Вучиќ, учествувале рускиот разузнавач георгиј Клебан и потполковникот З.К., пенсиониран офицер на српската војска.

Како што е наведено во соопштението, „руската влада се труди да ја дестабилизира Европа со воен притисок, злонамерни сајбер активности и малигно влијание во многу земји кои се сојузници, партнери и пријатели на Америка“.

„Со руската влада бевме јасни на највисоко ниво: мора да ги прекинете дестабилизирачките активности низ светот“, се истакнува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе