Москва: САД од светска сила се претворија во уценувач

Под американски санкции веќе се наоѓа половина свет, но ни Русија, ни Кина, дури ни малите земји нема да се менуваат поради Вашингтон, изјави претседавачот на Одборот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата на Русија, Константин Косачов.

EPA-EFE

„Американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел ги потврди плановите на Вашингтон да воведе нови санкции на проектот Северен тек 2. Мерките, наводно, веќе ги одобриле двете партии на американскиот Конгрес и тоа без оглед на актуелната претседателска предизборна кампања во САД“, напиша рускиот сенатор на Фејсбук.

Знаејќи го вообичаениот интензитет на меѓупартиските судири во овој период, може да се каже дека русофобијата обединува, смета рускиот парламентарец.

„Но куриозитетот на изјавите на политичарите е што уште во февруари на Минхенската безбедносна конференција американскиот министер за енергетика ги уверуваше партнерите дека Русија нема да биде во состојба да го доврши Северен тек 2 во услови на американски санкции, бидејќи ја нема потребната технологија“, додаде тој.

„Актуелните закани со санкции сведочат за тоа дека Американците и понатаму веруваат во нас, повеќе од кој било друг“, истакна Косачев.

Според него, друго нешто депримира – брзата деградација на Америка од глобална сила, која даваше тон на формирањето на светските економски институции, во „агресивен, алчен диктатор, на кој во арсеналот не му остана ништо освен санкциите“. Затоа што овие економски репресии не ги постигнуваат поставените цели – промена на однесувањето на земјите, истакна рускиот сенатор.

„Дури ни малата Куба не се менува за да му удоволи на својот огромен сосед. Тоа нема да го направат ни Русија ни Кина, иако под американски санкции сега се наоѓа повеќе од половина од светското население. Тоа значи дека целта не е притисокот, туку самата штета“, објасни тој.

Истовремено, сенаторот истакна дека нанесувањето значителна економска штета со цел потчинување на сопствената идеологија не се разликува многу од „класичниот“ тероризам. „Соединетите Држави се претворија во најголем уценувач во светот од кој страдаат дури и нивните сојузници“.

Според Косачев, интензивирањето на агресивното однесување на САД се одвива во светло на повиците на голем број значајни политичари, вклучувајќи го генералниот секретар на ОН, да сопрат активностите со санкциите, имајќи ја предвид потребата од сузбивање на заедничката закана од коронавирусот.

„Ова е важно и за Европа, која исто така мора да ја обнови својата економија, поради што потребата од намалување на трошоците на производство и социјалните расходи е многу актуелна. Но целта на Соединетите Американски Држави не е да им помогне на своите партнери, туку по секоја цена да го продадат својот скап гас“, истакна рускиот политичар.

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на два крака на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичко Море, до Германија. Гасоводот ќе минува низ територијалните води или ексклузивните економски зони на државите вдолж Балтичко Море: Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе