Москва: Руски цивилен авион морал да ја смени висината за да не се судри со авион на НАТО

Авион на руската компанија Аерофлот морал да ја смени висината откако на патот му се нашол авион на НАТО, јавија денес руските воздухопловни сили во коментарите до новинската агенција Интерфакс, предупредувајќи за ризиците во источноевропскиот воздушен простор.

EPA-EFE

Руските власти кажаа дека инцидентот се случил над Црното Море додека авионот летал од Тел Авив во Москва.

Авионот со 142 патници морал да се спушти 1.800 метри за да избегне судир.

Екипажот на авионот на НАТО ЦЛ-600 не реагирал, соопштија Русите, предупредувајќи дека зголемувањето на летовите на НАТО во регионот е ризик за цивилното воздухопловство.

НАТО не го коментираше инцидентот.

Тензиите растат со Украина која ја обвинува Русија за планирање напад, додека Русија тврди дека Киев се однесува воинствено.

Иако Украина не е членка на НАТО, сили на воениот пакт често дејствуваат во таа област провоцирајќи ја Москва.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе