Во 1999 година

„Москва рече нема да ја штитиме Србија и бомбардирањето престана“

Силите на Милошевиќ вршеа масакри и протеруваа десетици илјади Косовци во соседна Македонија, создавајќи хуманитарна катастрофа од двете страни на границата и дестабилизирајќи ја и самата Македонија, вели поранешниот заменик-секретар на САД Строуб Талбот.

Талбот тврди дека Москва одиграла клучна улога во прекинувањето на бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1999 година.

Улогата на Русија, според Талбот, била во тоа што го разуверила Милошевиќ дека ќе застане во одбрана на Србија, а ги поддржувала и барањата на Западот меѓународните мировни сили, меѓу кои имаше и руски воени единици, да ја преземат контролата врз Косово.

Американскиот дипломат на сајтот Брукингс, во текст по повод 70-годишнината на Алијансата, меѓу другото пишува и за настаните во врска со бомбардирањето на Југославија во 1999 година, пренесува Б2. Во тоа време американски претседател беше Бил Клинтон, а Талбот беше заменик-државен секретар.

Според Талбот, Борис Јелцин, кој на чело на Русија го наследи Михаил Горбачов, имал посебен однос со Клинтон. Тој потсетува дека Србија беше бомбардирана во времето кога се одбележуваше педесеттата годишнина на НАТО.

„Клинтон го покани Јелцин на роденденски настан како специјален гостин, откако тие двајца постигнаа напредок во дефинирањето на 'партнерството' меѓу НАТО и Русија“, вели Талбот во текстот.

„Сепак, мрачен облак натежна над нешто што требаше да биде весел настан. Додека се одвиваше одбележувањето на годишнината, НАТО беше во војна со Србија. Десетгодишното разорување на Југославија дојде до својот опасен и крвав климакс. Слободан Милошевиќ, претседателот на Србија, водеше геноцидна војна против сопствените сограѓани, муслиманите на Косово. Силите на Милошевиќ вршеа масакри и протеруваа десетици илјади Косовци во соседна Македонија, создавајќи хуманитарна катастрофа од двете страни на границата и дестабилизирајќи ја и самата Македонија“, рече американскиот дипломат.

Многу Руси сакаа нивната влада да застане на страната на Србија, вели тој. „Присуството на Јелцин на средбата во Вашингтон не доаѓаше предвид додека авионите на НАТО го бомбардираа Белград. Но дури и во текот на оваа мрачна ситуација на Балканот, Јелцин му се јави на Клинтон за време на настаните и му рече дека Русија, мислејќи тука на себеси, ќе ги преземе сите дипломатски чекори за да ѝ се стави крај на војната“, пишува Талбот.

Тој додава дека Јелцин го испратил Виктор Черномирдин, еден од неговите поранешни премиери, заедно со Марти Ахтисари, претседателот на Финска, да формира тим. „Двајцата лидери на држави што не беа членки на НАТО успеаја да го принудат Милошевиќ да попушти. Клучниот фактор беше способноста на Черномирдин да го убеди Милошевиќ дека Русија нема да застане во одбрана на Србија, и не само тоа, дека Русија ги поддржува барањата на Западот да прекине бомбардирањето и меѓународните мировните сили, вклучувајќи ги и руските воени единици, да ја преземаат контролата над Косово“, тврди Талбот.

Тој додава дека оваа „катастрофална војна конечно беше завршена во најголем дел благодарение на руската дипломатија“.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе