Москва: Приштина го стега обрачот околу Србите

Мерките на косовските власти претставуваат „стегање на обрачот“ околу Србите и нивно систематско истиснување со „создавање неподносливи услови во духот на етничкото чистење“, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

На редовната конференција за новинарите таа ги повика меѓународните сили да го реализираат својот мандат и да не дозволат „насилство против косовските Срби“ и оцени дека меѓународните сили не го спречувале насилството ни претходно ни сега.

„Приштинските радикали намерно ја поткопуваат стабилноста и претставуваат извор на конфликти во балканскиот регион“, оцени Захарова.

Таа наведе дека албанските власти ја заоструваат контролата на границата објаснувајќи го тоа со затворање на нелегалните текови на стока од Србија, додека се влошува ситуацијата со снабдувањето со храна.

Покрај тоа, како што кажа, Приштина распишала потерници за повеќе српски политичари, парламентот на Косово усвои платформа во ултимативен тон „која ги обесмислува преговорите на Белград и Приштина“, а неодамна и се обидела да воспостави и контрола врз рударскиот комбинат Трепча.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе