Москва порача дека Твитер ги крши руските закони

Твитер би можел да има проблеми, бидејќи ги крши руските закони со тоа што не ги брише информациите кои се забранети во Русија, иако федералната служба за надгледување на комуникациите, информациските технологии и масовните медиуми Роскомнадзор го бара тоа.

EPA-EFE

Бројот на забелешки на Роскомнадзор кои Твитер ги одбил надминува 2.800.

„Од 2017 година социјалната мрежа Твитер не избришала 2.862 твита со забранети информации“, се наведува во соопштението на Роскомнадзор.

Се додава дека оваа агенција испратила повеќе од 28.000 барања до американската социјална мрежа да отстрани материјали со забранети податоци, пренесува ТАСС.

Од 1 февруари во Русија на сила е закон според кој социјалните мрежи мораат самите да ги идентификуваат и блокираат забранетите содржини, а се бара и мрежите веднаш да преземат мерки на бришење и забрана.

Доколку не е можно веднаш да се пристапи до содржината во рок од 24 часа, административните тимови на социјалните мрежи мора да му ги испратат податоците на Роскомнадзор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе