Во интервју објавено вчера, Дуда кажа дека иако Германија ја почнала Втората светска војна и ја нападнала Полска, Русија „подоцна се придружила на оваа војна“ против Полска.
Според тоа, Варшава „треба да бара воена отштета и од Русија“, смета полскиот лидер.
Володин го обвини полскиот претседател дека го рехабилитира нацизмот и дека го навредува сеќавањето на оние „кои ги дале животите за слободата и независноста на полскиот народ“.
„Рускиот закон предвидува казни за таквите изјави. Треба надзорните органи да го проучат коментарот на Анджеј Дуда и да преземат соодветни мерки за да има кривична одговорност“, порача тој.
Володин потсети на високата цена која советскиот народ ја плати за ослободувањето на светот од нацизмот – 27 милиони мртви.
„Полска денес постои како држава само благодарение на нашата земја“, кажа Володин.
Коментарот на Дуда следи еден ден откако долниот дом на полскиот парламент изгласа од Германија да се бараат 1,3 илјади милијарди евра надомест за штетата направена за време на нацистичката окупација.
Германското министерство за надворешни работи претходно соопшти дека прашањето на воената репарација го смета за затворено.
Во меѓувреме, полските медиуми јавија дека пратеникот на владејачката партија Јарослав Крајевски побарал да се бараат 368 хектари од Чешка, како компензација за она што Варшава го смета за неповолно разграничување на полско-чехословачката граница во 1950-тите.