Москва: Почнува нова Студена војна

Во светот почнува нова Студена војна и веќе е во тек доктринарно дефинирање на противниците, смета заменик министерот за одбрана на Русија Александар Фомин.

EPA-EFE

Според него, денес во светот постојат неколку трендови кои претставуваат најсериозни предизвици и закани за безбедноста.

„Прво, денес сме сведоци на формирање нов светски поредок. Гледаме тенденција земјите да бидат вовлечени во нова Студена војна, која ги дели државите на свои и туѓи, при што туѓите недвосмислено се дефинираат во доктрините како противници“, кажа Фомин во интервју за Раша тудеј.

Истовремено систематски се уништува постоечкиот систем на меѓународни односи и безбедносната архитектура, а улогата на меѓународните организации се омаловажува. Наместо меѓународното право се наметнува поредок „заснован врз одредени правила, кои не се знае кој ги предлага и поддржува, кои никаде не се пропишани и кои им одговараат само на тие кои, всушност, го измислиле тој поредок“, додаде рускиот заменик министер.

„Истовремено се појавуваат суштински нови видови оружје кои радикално го менуваат односот на силите, оружената конфронтација навлегува во нови сфери – вселената и сајбер просторот. Сето ова доведува до промена на принципите и методите на војувањето“, истакна Фомин.

Според него, за сите тие теми ќе се разговара на Деветтата конференција за меѓународна безбедност во Москва, која ќе се одржи од 22 до 24 јуни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе