Москва: Пентагон монструозно лаже за Втората светска војна

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова ја коментираше презентацијата на Пентагон за историјата на борбата против фашизмот.

Захарова кажа дека на сметка на Русија се изнесени монструозни невистини и лицемерни тврдења, кои претставуваат уште една во низата ревидирања на историјата на Втората светска војна.

Таа истакна дека голем број од западните партнери, дури и на вака специјални денови и датуми за целото човештво, не престануваат со обидите за ревидирање на историјата, истакнувајќи ги во прв план политичките цели.

Во согласност со таа нова верзија на историјата, која ја претстави Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави, истакна Захарова, се наведува дека „конфликтот“ почнал со инвазијата на Германија и на Советскиот Сојуз на Полска. Односно, според мислењето на американската страна, истакнува таа, СССР е подеднакво виновен за почнувањето на Втората светска војна како и Третиот рајх. „Истовремено, во наведениот текст не се спомнува дека токму нашата земја всушност ја уништи фашистичката воена машина, како ни за тоа дека најголемиот број нацисти загинаа токму на Источниот фронт“, истакна таа.

Захарова потсети дека Пентагон објави презентација за историјата на Втората светска војна наречена „Денот на победата во Европа. Време на прослава и размислување“.

Покрај тврдењето дека војната почнала со инвазијата на Германија и СССР на Полска, во спомнатата презентација не се спомнува придонесот на Советскиот Сојуз во победата над нацизмот, туку е накратко претставена улогата на САД во војната во Европа, почнувајќи од истоварувањето во Нормандија во 1944.

Денес во германски Шпигл беше објавен заеднички напис на министерот за надворешни работи на Германија Хеико Мас и директорот на Институтот за современа историја во Минхен Андрес Виршинг по повод одбележувањето на 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна. Во написот се наведува дека национал-социјалистичкиот режим на Третиот рајх е единствениот виновник за почнувањето на Втората светска војна.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе