Москва: Одговорот на Западот на нашите барања не е охрабрувачки

Русија објави низа безбедносни гаранции кои ги бара од Западот, вклучувајќи го ветувањето дека ќе се откаже од какво било воено дејствување во Украина и Источна Европа и дека НАТО повеќе нема да се шири, пренесе руската новинска агенција РИА Новости.

EPA-EFE

Но, заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков кажа дека САД и НАТО засега не ги прифаќаат тие идеи и дека нивниот одговор не е охрабрувачки.

Москва ги предаде своите предлози неделава до Соединетите Американски Држави во контекст на трупањето руски воени сили на својата страна на границата со Украина. Западните земји стравуваат дека Русија може наскоро да почне напад врз Украина, што Москва го отфрла.

Русија истакнува дека реагира на заканите за сопствената безбедност бидејќи Украина има сè поблиски односи со НАТО и сака да стане членка на воениот пакт.

Порачува дека нејзиниот безбедносен пакет е патот за смирување на тензиите во Европа и избегнување воен конфликт.

Русија има осум клучни предлози, кои се:

- Да се исклучи понатамошно ширење на НАТО и влегување на Украина во сојузот;

- Да не се распоредуваат нови единици и оружје надвор од земјите во кои се наоѓале во мај 1997 (пред источноевропските земји да влезат во НАТО), освен во исклучителни случаи со согласност на Русија и членките на НАТО;

- НАТО треба да се откаже од какви било воени активности во Украина, Источна Европа, на Кавказот и во централна Азија;

- Да не се распоредуваат проектили од среден и краток дострел на места од каде може да се гаѓа територијата на другата страна;

- Да не се спроведуваат вежби со повеќе од една воена бригада во договорено погранично подрачје и редовно да се разменуваат информации за воените вежби;

- Да се потврди дека страните нема да се сметаат за противници и да се сложат сите спорови да ги решаваат по мирен пат и дека ќе се воздржуваат од користење сила;

- Да се вети дека нема да се создаваат услови кои другата страна би можела да ги смета за закана;

- Да се воведат дежурни линии за контакти во кризни ситуации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе