Москва негира дека руски платеници во Венецуела го штитат Мадуро

Кремљ демантираше дека во Венецуела има борци на руска приватна воена компанија како поддршка на претседателот Николас Мадуро, сојузникот на Москва, чија власт ја оспорува новиот самопрогласен привремен претседател Хуан Гуаидо.

Одговарајќи не прашање на руска телевизија дали е вистина дека „400 руски борци го штитат Мадуро“ во Венецуела, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа: „Нормално дека не“.

„Во стравот се големи очите“, додаде Песков во емисијата „Москва. Путин. Кремљ“.

Повеќе големи руски и светски медиуми ја пренесоа неделава информацијата за наводно испраќање руски платеници за да ја поддржат власта на Николас Мадуро.

Во петокот маж кој се претставува како козачки лидер изјави дека членови на руска приватна воена компанија кои неодамна се вратиле од Габон минатиот понеделник „набрзина“ формирале група „од 400 луѓе“ кои преку Куба се упатиле кон Каракас.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе