Москва: НАТО отиде предалеку, целосно ја прекинуваме соработката

Русија и НАТО целосно ја прекинаа цивилната и воената соработка, изјави заменикот на рускиот шеф на дипломатијата Александар Грушко.

Грушко оцени дека Алијансата отишла предалеку во ескалацијата на конфликтот со Русија.

„НАТО самиот одби конструктивен разговор со Русија. Таков разговор не постои. Засега нема сигнали дека НАТО гледа излез од овој ќор-сокак“, кажа Грушко.

Тој додаде дека е „парадоксално, но денес односот меѓу Русија и НАТО најмногу личи на времето кога НАТО беше формирано – пред Студената војна“.

„Повторно падна прашината од „Армеловата доктрина“: дијалог и зауздување. Само што во таа формула има многу зауздување и малку дијалог“, кажа Грушко.

Според него, вкупните воени расходи на земјите на НАТО за минатата година надминуваат билион долари, што е 22 пати повеќе од руските трошоци за одбрана.

Грушко истакна дека Москва нема намера да учествува во трката за зголемување на воениот буџет со НАТО.

„Армеловата доктрина“, која беше претставена во 1967 година, предвидуваше силна одбрана и добри дипломатски односи со државите од Варшавскиот пакт.

Таа, исто така, овозможи да се отвори патот за намалување на тензиите меѓу Истокот и Западот на почетокот на седумдесеттите години.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе