Декласифицирани документи

Москва: НАТО на Горбачов му вети дека нема да се шири на исток

Постои доказ дека НАТО му ветиле на претседателот на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов дека Алијансата нема да се шири на исток, иако генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го тврди спротивното, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Нема пишани гаранции и ништо не било потпишано, но „џентлменски договор“ се случил. Друг проблем е тоа што сите го заборавиле и не сакаат да се сеќаваат, но тоа се случило“, истакна Захарова, а пренесува ТАСС.

Доказите, истакна портпаролката на руската дипломатија, се наоѓаат меѓу архивираниот материјал од кој неодамна била отстранета ознаката за тајност во САД.

„На средбата во февруари, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му врачи на Столтенберг низа изводи од тие документи. Мислам дека од февруари Столтенберг имал доволно време тоа да го прочита“, кажа Захарова.

Според неа, некои западни земји се прават дека такви ветувања никогаш не биле дадени.

„За жал, таквиот став уште повеќе го намалува нивото на доверба во нив и ја покажува вистинската вредност на другите ветувања кои ги дале и во моментов ни ги даваат нам или на некој друг“, кажа Захарова.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе