По прекинот на пресот на НАТО

Москва: Нашите авиони не го повредија просторот на други држави

Два руски ловци „Су-24“ изведоа закажан лет за обука над неутралните води на Балтичко Море, без да ги нарушат границите на други држави, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Фото: Википедиа

„На 8 јули 2021 година два авиони Су-24 на поморската авијација на Балтичката флота го изведоа планираниот лет за обука во воздушниот простор над неутралните води на Балтичко Море“, објави Министерството, како што пренесува руската агенција ТАСС.

Леталата го извеле својот лет „строго почитувајќи ги меѓународните правила за употреба на воздушниот простор, без нарушување на границите на другите земји“, нагласи руското министерство.

Портпаролот на литванската армија, капетанот Андриус Дилда, за ТАСС претходно денес изјави дека шпанскиот премиер Педро Санчез и литванскиот претседател Гитанас Науседа морале да ја прекинат прес-конференцијата во воздушната база на НАТО во Литванија, поради звукот на сирената за воздушен напад.

Како што рече, контролните станици на воздушниот простор регистрирале два авиони, со исклучени транспондери, во меѓународниот воздушен простор над Балтичко Море во близина на границата со Литванија.

Тој додаде дека руските авиони немале радиокомуникација со копнениот центар за контрола на летовите, поради што ловците на НАТО полетале за да ги идентификуваат целите.

Легенда под Главна слика

Фото: Википедиа

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе