Москва: Нашиот напад во Одеса нема да го наруши извозот на жито

Во Украина се во тек подготовките за транспорт на жито и покрај саботните руски ракетни напади врз пристаништето Одеса.

Фото: ЕПА

Русија тврди дека во саботата уништила украински воен брод и проектили испорачани од САД во пристаништето Одеса. Станува збор за американски противбродски ракети „харпун“ во складиште, јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана во Москва. За тоа руската армија употребила ракети со долг дострел со прецизна контрола.

Сергеј Лавров му потврди на Каиро дека и покрај нападот на Одеса, меѓународниот договор за извоз на украинско жито преку Црно Море сѐ уште важи.

Лавров потсети и дека минатиот петок во Истанбул беа потпишани два документи - едниот за извоз на жито од Украина, а другиот со кој ОН се залагаат за полесен извоз на руската храна и ѓубрива.

Москва се жали дека санкциите наметнати од ЕУ и САД по руската војна против Украина сега го забавуваат извозот, иако храната не е директно засегната од санкциите.

Според Лавров, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, сака самиот да се обиде да се заложи за укинување на „незаконските ограничувања“.

„Ќе се надеваме дека ќе успее“, рече Лавров.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе