Москва: Нападот врз саудиската рафинерија покажа дека американската одбрана е неефикасна

Саудискиот систем за противвоздушна одбрана од американско производство не успеа да ги одбие нападите со дронови врз нафтените инсталации, бидејќи немале добри параметри, изјави високо позициониран извор од руското министерство за одбрана.

Тој кажа дека северната граница на Саудиска Арабија ја штитат 88 системи „патриот“, а дека во Персискиот Залив во близина на саудискиот брег се наоѓаат три американски разурнувачи вооружени со противвоздушниот систем „аегис“ со 100 ракети СМ-2, пренесува ТАСС.

„Се поставува прашањето како толку силна противвоздушна одбрана пропуштила десетици дронови и крстосувачки ракети да поминат? За тоа може да има само едно објаснување: на поприлично фалените системи „патриот“ и „аегис“ им недостигаат официјално прогласените параметри“, истакна изворот.

Тој објасни дека ефикасноста на тие системи против мали воздушни мети и крстосувачки ракети е мала и дека не се спремни да одбијат масовни напади во услови на вистинска борба.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе