Москва: „Намерното ширење на вирусот ќе се смета за тероризам“

Случаите во кои лицата намерно заразуваат друго лице со коронавирус што би довело до смрт, ќе се сметаат за тероризам, хулиганство и чин на саботажа во Русија.

„Ако се предизвика смрт на едно или повеќе лица со намерно кршење на санитарните и епидемиолошките мерки, ќе се класифицира како тероризам, хулиганство или чин на саботажа“, соопшти денеска прес-службата на законодавниот одбор на руската Државна дума.

Претходно, претседателот на Дума, Вјачеслав Володин и претседателот на одборот за законодавство доставија предлог-закон за заострување на казнените мерки поради кршење на епидемиолошките правила што предизвикуваат масовно ширење на зараза или смрт од небрежност, пренесува Тасс.

Според предлогот, доколку прекршувањето на карантинот резултира со смрт на едно лице, одговорното лице ќе биде санкционирано со казна затвор до пет години.

Доколку со своето однесување заразеното лице предизвика смрт на две или повеќе лица му се заканува седумгодишна казна затвор.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе