Поради коронавирусот

Москва може да ја откаже Парадата на победата

Москва размислува за откажување на парадата во чест на 75-годишнината од победата во Втората светска војна, но сѐ уште не е донесена конечна одлука, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„За тоа прашање (откажување на парадата) несомнено се разговара. Засега не е донесена конечна одлука. Продолжуваат подготовките“, кажа Песков.

Тоа смета дека прашањето за можна организација на парадатав и нејзината форма „треба да се решава во зависност од развојот на епидемиолошката ситуација“.

На прашањето дали парадата може да се одржи без гледачи, Песков кажа дека „ситуацијата бара флексибилност“, и дека засега не треба да се зборува за можните опции.

„Треба да се направи сѐ, од една страна, да се искаже почитта кон сеќавањето на јунаштвото на нашиот народ, на нашата голема држава, а од друга страна да не се доведува во прашање здравјето на луѓето“, заклучи портпаролот на Кремљ.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе