Москва: Милановиќ е во базата на непријатели на Украина, може да му е загрозена безбедноста (ВИДЕО)

Министерството за надворешни работи на Русија денес соопшти дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е „ставен во базата податоци на екстремистичката страница Миротворец, која објавува лични податоци на самопрогласените непријатели на Украина“, пренесуваат хрватските медиуми.

EPA-EFE

Ова го кажа заменик портпаролот на руската дипломатија Алексеј Зајцев на редовна конференција за медиумите во Кремљ.

„Кој било западен функционер кој ќе изнесе став поинаков од официјалниот ќе плати со своите углед и кариера, а можно е и да му биде загрозена безбедноста. Така вицеадмиралот Кеј Аким Шенбах, командант на германската морнарица, беше присилен на оставка откако изјави дека Крим е засекогаш изгубен“, кажа Зајцев.

„Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, како и германскиот адмирал, по изјавата дека на Украина не ѝ местото во НАТО, е ставен во базата податоци на екстремистичката страница Миротворец, која ги објавува личните податоци на самопрогласените непријатели на Украина“, кажа тој.

„Како што знаете, новинарот Роман Цимбаљук, кој на таа страница заврши поради спротивставување на украинскиот режим, подоцна беше убиен. Во таква атмосфера не е чудно тоа што тензиите меѓу Донбас и Киев не престануваат“, додаде заменик портпаролот на руското министерство за надворешни работи.

На интернет страницата Миротворец, која ја спомна рускиот функционер, навистина постои дел посветен на Зоран Милановиќ. На страницата го нарекуваат „соучесник на руските освојувања“ и се наведува дека „учествува во информативните специјални операции на Кремљ“.

Страницата ја пренесува целосната изјава на Милановиќ за Украина, која предизвика бурни реакции во Хрватска и во ЕУ, а се наведува дека Милановиќ неодамнешната посета на премиерот Андреј Пленковиќ на Украина ја нарече „чисто шарлатанство“.

Миротворец од украинските државни органи бара неговата објава да ја сметаат како изјава за „извршување намерни дејства на овој граѓанин против националната безбедност на Украина, мирот, безбедноста на човештвото и меѓународниот ред и законите, како и други кривични дела“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе