За ситуацијата во Авганистан

Москва: Луѓето бараат спас, а Америка молчи

Аеродромот во Кабул е преполн со луѓе кои бараат помош од Соединетите Американски Држави за евакуација, но како одговор на тоа настана тишина, смета Марија Захарова, портпаролката на руската дипломатија.

EPA-EFE

Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако почна офанзивата на талибанците на големите градови и стратегиските точки. Талибанците вчера ја преземаа контролата врз сите гранични премини.

„Тие (САД) обично објавуваат изјави за поединечни случаи деноноќно без пауза за ручек. Повикуваат на прекин на страдањата, преземање итни мерки против одговорните за беззаконието, се закануваат со санкции, се повикуваат на „податоци од медиумите и социјалните мрежи“. Сега извештаите од аеродромот во Кабул се емитуваат во живо – Авганистанците јуришаат на авионите и бараат спас од Вашингтон кој толку години ги уверуваше во сојузништвото. Не помош, туку спас. И... тишина“, напиша портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Безбедносни извори од Авганистан претходно соопштија дека неколку луѓе загинале откако американската војска отворила оган во Авганистанците на аеродромот во Кабул.

Агенцијата Франс прес, повикувајќи се на изјави на сведоци, јави дека американската војска пукала во воздух како предупредување на аеродромот во авганистанската престолнина кога толпа луѓе излегле на пистата да ги блокираат авионите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе